Американската вселенска агенција NASA ги објави најубавите фотографии на планетата Земја.
По повод Денот на планетата Земја, NASA ја повика јавноста да ги избере најдобрите фотографии на Земјата, кои досега беа објавени во нејзниот онлајн магазин Earth Observatory.
По пет кругови гласање прогласен е победникот на натпреварот наречен Tournament Earth. Најдобрата фотографија ја направи експертот од Универзитетот Јужна Флорида во 2001. година, кога фотографираше песок и морска трева на Бахамите со помош на сателитот Landsat 7. Плимата и океанските струи креираа примерок кој се гледа на фотографијата.
Во галеријата можете да ги пронајдете и останатите фотографии кои влегоа во финалниот круг на натпреварувањето.