Претставен е нов бетонски саркофаг во вредност од 1,4 милијарди евра за да го изолира атомскиот реактор во Чернобил, кој што експлодираше во 1986 година и предизвика нуклеарна катастрофа. Се работи за челични панели и поликарбонат, што сочинуваат конструкција долга 256 метри која тежи над 36.000 тони, со цел да ја спречува радијацијата која зрачи од реакторот број 4.

Во текот на изминатите девет години под покровителство на Европската банка за обнова и развој изведени се опсежни градежни активности за да се обезбеди истопеното јадро на реакторот и 200 тони високо радиоактивен материјал. Реакторот експлодира во 1986. година и во северниот дел во Украина ослободи 100 пати повеќе зрачење од бомбите во Хирошима и Нагасаки.

Проектот чинеше 1,5 милијарди евра, кои ЕБРД ги обезбеди со поддршка на 45 земји и Европската унија, како и со 715 милиои евра сопствени средства.