Националниот полициски корпус на Шпанија соопшти дека открил криминална група, чии членови биле вклучени во проневера на 2,4 милиона евра (2,6 милиона долари) во разни земји во светот преку интернет, пренесува „Спутник“.
Според изјавата на властите, осомничените, под маската на директори на компанија, испраќале писма до вработените во кои барале од нив да извршат итни операции за трансфер на пари.
Меѓу жртвите се компании од Италија, Чешка, САД, Либан, Кина, Казахстан и од Холандија. За трансферите биле користени 150 банкарски сметки, додаде полицијата.
Полицијата соопшти дека во криминалната група биле вклучени 16 жители на Шпанија додавајќи дека 11 од нив се приведени под обвиненија за измама и перење пари.
Поврзани артикли