Компанијата Facebook откри грешка во својата социјална мрежа која предизвика лозинките на стотици милиони корисници да бидат видливи на вработените во компанијата и соопшти дека проблемот сега е решен.

При безбедносен преглед во јануари, Facebook утврдил дека лозинките се зачувани во читлив формат во однос на безбедносните процедури, но оти никогаш не биле видливи никому надвор од компанијата, пренесе Bloomberg.

Повеќето засегнати профили користеле Facebook Lite верзија на апликацијата дизајнирана за пазари во развој.

Компанијата соопшти дека не пронашла докази дека тој пристап бил злоупотребен.