Полските научници направиле калкулатор кој ја пресметува веројатноста од смртен исход во случај на зараза со коронавирус, пренесува „Спутник“.

Според претставничката на Поморскиот научнотехнолошки парк, Магдалена Маларе-Шчвитињска, програмата ги зема предвид возраста и полот на заразениот, како и податоци за основните четири типа хронични болести.

Меѓу хроничните болести што калкулаторот ги зема предвид се кардиоваскуларните болести, високиот крвен притисок, дијабетесот и карциномите. Таа вели дека во создавањето на калкулаторот учествувале лекари и епидемиолози.

„Ризикот од заразување со Ковид-19 зависи од стилот на живеење и од болестите што се поврзаи со него, вклучувајќи ги прекумерката телесна тежина, дијабетесот, хипертензијата и компликациите од тие болести. Најновите податоци покажуваат дека смртноста кај луѓето без хронични болести е помалку од 1 отсто од смртните исходи од Ковид-19“, истакна главниот креатор на калкулаторот, докторот на медицински науки Петар Бандош.

При тестирањето на калкулаторот воочено е дека ризикот од смрт од Ковид-19 кај маж на возраст од 30 години и без хронични болести е 0,03 отсто, а кај жена е 0,02 отсто. Кај мажуте на возраст од 80 години со дијабетес и со карцином ризикот се зголемува на 25,86 отсто кај мажите и 14,3 отсто кај жените.