Уредот од руско производство прв пат се спуштил на дното на Маријанскиот ров – најдлабокото место на Земјината кора и најдлабокиот дел од светските океани, било соопштено од рускиот Фонд за перспективни истражувања.
“На осми мај 2020-та година во 22:34 часот по московско време, рускиот автономен подводен апарат без екипаж “Витез” се спушти до дното на Маријанскиот ров”, било соопштено.
Сензорите на подводниот уред забележале длабочина од 10.028 метри. Познато е дека уредот бил под вода повеќе од три часа.
Во декември 2019-та година Русија била осомничена дека планира да го пробие Маријанскиот ров и да предизвика цунами кое ќе направи проблеми во САД. Таквите сомнежи ги предизвикала веста дека Министерството за одбрана на Русија планира да направи подморница за истражување на големи морски длабочини, кои би го оштетиле дното на Маријанскиот ров.
Претседателот на академијата за геополитички прашања, капетан Константин Сивков истакнал дека таквите подморници се неопходни за тајно откривање и проучување на воени објекти, кои се наоѓаат на дното.
Маријанскиот ров, сместен во западниот дел на Тихиот океан, е длабок речиси 11.000 метри. Досега само четири лица се спуштиле до дното на ровот.