Тим од кинески научници откри дека новиот коронавирус останува во спермата на мажот дури и кога човекот ќе почне да закрепнува.

Кинезите ги објавија резултатите од истражувањето во четвртокот.

Во општинската болница во Шангај, 38 пациенти биле прегледани во текот на јануари и февруари. Кај 16 отсто од нив, коронавирусот бил пронајден во семето. Една четвртина од нив биле во акутна фаза на инфекција, а 9 отсто од нив биле во фаза на закрепнување.

Ова не е изненадувачко откритие, забележуваат кинеските научници, затоа што многу вируси можат да живеат во машкиот репродуктивен тракт. Ебола и зика беа пронајдени во спермата на пациентите неколку месеци по закрепнувањето.

Сè уште не е јасно дали коронавирусот може да се шири преку сексуален однос и потребни се понатамошни студии за да се утврди ова.