Новиот остров кој се наоѓа на територијата на Тонга, формиран од вулканска пепел во 2014 година, може да биде на површината на Атлантскиот океан неколку декади, тврдат од Nasa.

Новото истражување спроведено од Nasa не му предвидува долг живот на островот, иако според нивните откритија, островот ќе има доста подолг живот отколку што сметаа претходно.

Островот создаден од вулканска пепел, неофицијално наречен Хунга Тонга Хунга Ха’апаи, се очекуваше да има животен век од само неколку месеци, поради тенкиот слој од пепел од кој беше составен. Но сега, новото истражување на Nasa покажа дека може да очекуваме тој да биде таму од 6 до 30 години.

Nasa го надгледуваше овој остров уште од неговото формирање, и правеше сателитски слики со висока резолуција за да го проучи неговото движење. Ова истражување им овозможи на Nasa да проучат како се креираат и развиваат островите со тек на време.

„Вулканските острови се едни од најлесните форми на копно за создавање, но тешко е да се проучат“, вели Џим Гарвин од Nasa.

Истото ова истражување ги подготви научниците што можат да очекуваат во нивните претстојни мисии, на пример онаа на Марс, каде ќе им биде потребно сето копнено знаење што можат да го соберат.

„Она што можеме да го видиме на Марс е само имитација на сето она што се случува на Земјата. И таму има вулкански ерупции како тука, па затоа сакаме детално да ги проучиме истите за да бидеме спремни за она што ќе го видиме“, додаде Гарвин.

Извор: Kajgana.com