Realme без многу помпа ги претстави своите најнови слушалки – Buds Q2. Овие TWS (true wireless) слушалки го задржуваат дизајниот на првиот Buds Q модел, но додаваат подобрен Game Mode, IPX4 заштита од вода, поубав дизајн и таканаречената Environmental Noise Cancellation (ENC) функција.

Realme Buds Q2 задржуваат некои од импресивните функции на својот претходник, како што е траењето на батеријата од 20 часа и два часа слушање музика за само 10 минути полнење. Футролата содржи microUSB port, а тука е и 10mm bass boost драјвер.

Едната слушалка има тежина од само 4,1 грама, а секоја од нив има тач панел, овозможувајќи некои гестикулации како што се play/pause, одговарање на повици и вклучување/гаснење на Game Mode.

Кога е во прашање Game Mode, Realme додаде значајни подобрувања. Функцијата се активира со долго притискање на двете слушалки истовремено, а има латенција од само 88 ms, што е за 50 проценти подобро од она што го нудеа Buds Q слушалки.

Realme Buds Q2 речиси моментно можат да се поврзат со било кој уред преку Bluetooth, додека преку Realme Link апликацијата некои гестикулации можат да се прилагодуваат. Слушалките пристигнуваат во црна и сина боја.