Двете најголеми телеком компании во Кина успешно поставија неколку 5G станици на Монт Еверест за да покажат како телекомите може да оперираат во екстремни услови.

Huawei и China Mobile ја изградија највисоката 5G мрежа во светот, со тоа одбележувајќи ги годишнините на два големи планинарски потфати во историјата.

Пет 5G AAU базни станици беа подигнати на камповите Base, Transition и Forward на Монт Еверест, на 5.300, 5.800 односно 6.500 метри надморска височина.

Базните станици беа подигнати со цел да се покаже ефикасноста на компактните и интегрирани влезни точки на Huawei, при што кинескиот технолошки гигант соопшти дека неговите базни станици ќе нудат 20 пати поголем мрежен капацитет, иако се трипати помали од традиционалните. Станиците ќе нудат брзина на даунлодирање од над 1.7Gbps, брзина од 215Mbps, дури и на 6.500 метри надморска височина.

Според соопштението од компаниите, големиот чекор е направен на 60-годишнината од првото искачување на највисокиот планински врв и 45-годишнината од првото официјално и најточно мерење на врвот.

Исто така, ова се случува речиси една деценија откако Huawei на инсталираше највисоката GSM мрежа во светот, на 5.200 метри надморска височина.

Huawei силно верува дека целта на технологијата е да го направи светот подобар. Убавината на Монт Еверест може да се покаже со 5G high-definition видео и VR, што пак може да им помогне на планинарите, алпинистите, научниците и други експерти кои се занимават со истражувања поврзани со природата и животната средина. Овој пионерски потфат уште еднаш докажува дека 5G технологијата може хармонично да ги поврзе човештвото и природата“, стои во соопштението.