HMD Global во септември минатата година го претстави Nokia 6.2 телефонот (на фотографијата), кој пристигна со Snapdragon 636 чипсет. Според наводите од новиот извештај, Nokia 6.3 би можел да користи Snapdragon 670 или 675 чипсет.
Извештај исто така тврди дека Nokia 6.3 би можел да има систем со четири камери на задната страна, со ZEISS брендирање. Покрај тоа, телефонот би можел да има и PureDisplay со засек во облик на капка, каде што е сместена 16MP селфи камера.
Основниот модел на Nokia 6.3 телефонот, со 3GB RAM и 64GB простор за складирање, би можел да има глобална малопродажна цена од 249 евра, а изворите сугерираат дека ќе биде претставен во текот на третото тримесечје оваа година.