Сајтот AppleInsider откри нов дизајн што го пријави Apple, а сугерира дека компанијата од Купертино разгледува имплементирање на флексибилни шарки во MacBook.
Како што е видливо на фотографиите, Apple ја разгледува идејата за производство на лаптоп кој може да се креира од еден дел на материјал, наспроти актуелниот дизајн на MacBook лаптопите, кој се состои од различни делови.
Според наводот од описот на патентот: „Персоналниот компјутер се состои од едноделно куќиште, а вклучува флексибилен дел, кој може да има закривување кое е флуидно. Едноделното куќиште вклучува дел кој може да содржи екран погоден за претставување на визуелна содржинна, и друг дел кој може да содржи уред за внес и прифаќање на акции за внес“.
Патентот исто така сугерира дека со примена на ваквиот дизајн би било можно да се имплементира и флексибилен дисплеј, кој се шири и преку шарките. Засега не е познато дали Apple планира решение од патентот да го имплементира во конкретен комерцијален производ.
Поврзани артикли