Мобилните оператори, експертите и аналитичарите предупредуваат дека би можело да дојде до одложување на лансирањето на 5G мрежата, како резултат на епидемијата која ја предизвика вирусот COVID-19. Овие предупредувања доаѓаат веднаш по објавувањето на кварталната заработка на поголемите компании кои ќе учествуваат во имплементацијата на 5G мрежата.
Засега е познато дека поголема слика ќе се види дури по финансиските извештаи од јуни. Она што аналитичарите исто така го оценуваат како позитивна состојба, е дека развојот на 5G мрежата во САД е побрз и во подобра состојба во однос на Европа. Дека ќе дојде до успорување на имплементацијата на 5G мрежата предупреди и Huawei, кој работи на изградба на оваа мрежа во Велика Британија, но и во други европски земји, пишува The Verge.
Тие уште во март најавија дека ќе има проблеми, но дури сега се гледа кои размери се во прашање. Примената на 5G технологија е одложена во Португалија, Австрија, Шпанија, Франција и Чешка.
И други светски компании укажуваат на тоа дека ќе има одложувања. Samsung објави дека ќе ги намали финансиските инвестиции во оваа инфраструктура токму поради глобалната епидемија. Ericsson и Nokia, два од трите најголеми снабдувачи, исто така, предупредуваат на застој. Тие веруваат дека владите на државите ќе преземат мерки поради кои нема да бидат во можност да продолжат со физичка имплементација на 5G мрежата. Кина претставува целосна спротивност на наведените примери, затоа што кај неа 5G мрежата агресивно се развива, и на неа, и државата и приватниот сектор интензивно работат.
Извор: PC Press.rs