Huawei Y8s телефонот во претходниот период беше споменуван во неколку наврати, а знаевме дека ќе имплементира засек во екранот и две камери на задната страна. Смартфонот е сега официјализиран, а прикажан е на сајтот на Huawei во Јордан.
Телефонот има 6,5-инчен LCD екран со Full HD+ резолуција. Во врвот на дисплејот се наоѓа релативно мал засек, каде се сместени две селфи камери. Главната предна камера има 8MP f/2.0 сензор, додека секундардната користи 2MP f/2.4 сензор на длабочина.
На задната страна, исто така, се наоѓаат две камери, од кои главната има 48MP сензор со f/1.8 отвор на бленда, додека втората камера е 2MP f/2.4 сензор на длабочина. Камерите се поставени вертикално, а тука е и LED блицот.
Huawei Y8s користи Kirin 710 чипсет, во комбинација со 4GB RAM и две опции за простор за складирање: 64GB и 128GB и поддршка за microSD картички. Батеријата со капацитет 4000mAh, се полни преку microUSB порт.
Смартфонот пристигнува со постариот Android Pie и EMUI 9, но затоа има поддршка за сервисите на Google. Цената и достапноста на Huawei Y8s не се објавени.