Годината на заминување, без сомневање, беше во знакот на засекот во екранот (notch), а изгледа дека 2019. година ќе ги донесе отворите во екранот како нов тренд. Само неколку дена откако Samsung го најави својот нов Infinity-O панел, на компанијата Huawei и е одобрен патент кој е поврзан со сличен концепт.

Концептот на кинеската компанија користи нешто поинаков дизајн од оној на Samsung. Јужнокорејците презентираа дисплеј со кружен отвор во горниот лев агол, кој ќе се користи за предната камера. Од друга страна, Huawei овој кружен отвор го менува со отвор во облик на in-ear звучник. Тука веројатно ќе биде сместена слушалката на телефонот и другите сензори кои се неопходни од предната страна. Она што останува нејасно е каде ќе биде сместена предната камера.

Huawei се уште не го потврди споменатиот дизајн, така што нема гаранции дека ќе биде имплементиран. Доколку тоа се случи, најверојатно ќе го добие следната P30 серија смартфони, која се очекува во март идната година.