На патот од Германија до Азурниот брег во просек трошел 8,7 kWh на 100 km.

Mercedes го претстави концептниот електричен автомобил Vision EQXX претходно оваа година, тврдејќи дека возилото може да помине над 1.000 km со едно полнење на батеријата. Сега Mercedes одлучи да го докаже тоа, па го испрати Vision EQXX на патување од Синделфинген, Германија, преку швајцарските Алпи и северна Италија до крајната дестинација Каси на Азурниот брег.

И покрај сите предизвици, тие успеаја. Патувањето започна во студени и дождливи услови, а се одвиваше со нормална брзина на возење, вклучително и возење до 140 km/h по германскиот автопат, односно блиску до дозволената брзина на другите делници.

По 11 часа и 32 минути возење, Vision EQXX го заврши своето патување од 1.008 километри, а состојбата на батеријата при пристигнувањето на целта беше околу 15 проценти, односно автомобилот со преостанатата енергија можеше да помине уште 140 километри.

Тоа значи дека без полнење, тој би можел да оди на патувања по брегот на Средоземното Море.

Дополнително, просечната потрошувачка беше само 8,7 kWh на 100 километри.

Vision EQXX постигнува дополнителна ефикасност благодарение на пневматиците и нивната исклучително мала отпорност на тркалање од 4,7. Станува збор за димензии 185/65 R 20 97T, што значи дека имаат голем дијаметар и тесни шари.

Bridgestone разви специјални Turanza Eco гуми за Vision EQXX кои комбинираат две иновативни технологии за поголема автономија во возењето.

Има технологија Enliten која го намалува отпорот на тркалање и тежината на гумите до 20 проценти, додека технологијата Logic ја намалува деформацијата на гумите при возење.

Дополнително, во соработка со тимот за аеродинамика на Мерцедес, дизајнерскиот премин од гума на фелна е оптимизиран.

За зголемување на автономијата придонесе и фиксниот соларен покрив со 117 соларни ќелии кои напојуваат батерија од 12 волти.

Оваа батерија ги напојува помошните потрошувачи како што е системот за навигација.

Севкупно, соларното полнење ја зголемува автономијата за нешто повеќе од два проценти – што во реалноста е околу 25 километри на пат долг 1.000 километри.