Valve одлучи да ја угаси поддршката за macOS за својата платформа за виртуелна реалност. Тоа е објавено на компанискиот SteamVR форум, каде е напишано дека „SteamVR повеќе нема да го поддржува macOS, и дека развојниот тим ќе се фокусира исклучиво на Windows и Linux оперативните системи“.
Apple влезе во партнерство со Valve во 2017. година, кога ја претстави својата „Metal for VR“ платформа. Истовремено, Valve почна да го промовира VR како засебна платформа и тогаш работеше со HTC на нивниот Vive систем. Сега, во 2020. година, Valve ја поседува сопствената high-end VR кацига и само што ја претстави долгоочекувана VR игра „Half Life: Alyx“.
Причината зошто Valve се одлучи на овој потег е логична. Имено, речиси ниту една игра на новната платформа не е направена за Mac компјутерите, а покрај тоа дури ни најдобрите MacBook Pro компјутери не успеваат да обезбедат минимални спецификации за Oculus и SteamVR. Како дополнителна причина може да се наведе и фактот дека само четири проценти од корисниците (гејмерите) пристапуува на нивната гејминг платорма од macOS компјутерите.
Поврзани артикли