Компанијата Google работи на нова социјална мрежа наречена Shoelace, чија цел ќе биде организирање на локални настани и активности.  

Апликацијата се користи така што корисникот ќе ги внесе своите интереси и ќе овозможи препорачување на низа локални активности кои се нарекуваат Loops. Корисникот може да ги организира сопствените настани, а тука е и мапа за преглед на локации и опции за потврда за доаѓање на Loops на другите луѓе.

Shoelace апликацијата пристигнува неколку месеци откако Google ја изгаси својата социјална мрежа Google+, досега најсериозниот обид за изградба на социјална медиумска платформа. Меѓутоа, Shoelace не е замислен како ривал на Facebook, туку има многу помали амбиции и “нишани” на Facebook функцијата Events.

Новата апликација е слична на Schemer, уште една експериментална апликација за организирање настани, која Google ја покрена во 2011. година. И оваа апликација беше изгасена по само три години.

Моментно Shoelace е во фаза на тестирање со покани, но можно е да се пополни формулар за да се добие пристап. Секако, потребен е Google профил за најава.

Засега апликацијата е достапна во подрачјето на Њујорк, но наскоро ќе се прошири низ САД.