Хобистите кои сакаат да ја спојат својата страст за компјутерите и фотографијата од сега тоа можат да го направат на еден нов начин, со помош на мини компјутерот Raspberry Pi. Овој популарен хобистички уред доби нова официјална хардверска надградба во вид на модул со камера и можност за замена на објективите на неа. Модулот донесува сензор со резолуција од 12,3 мегапиксели и дијагонала од 7,9 милиметри, кој го произведе Sony, а на него можат да се постават објективи со стандардните „mount-и“ C и CS.
Ова секако не е прв пат Raspberry Pi да има додаток со камера, но прв пат таа да е ѕолку квалитетна и сестрана. Првата камера за овој компјутер се појави уште во 2013. година, а последната верзија од 2016. година, исто така, го имаше 8-мегапикселниот сензор на Sony. Беше продадена во 1,7 милиони примероци, потврдувајќи ја популарноста на ваквите додатоци.
Сите камери досега имаа леќи со фиксен фокус, па најголемата новост кај новата камера, наречена Raspberry Pi High Quality Camera, е токму можноста за измена на објективи.
Новиот модул на камерата може да се постави и на статив со помош на вградениот стандарден навој од долната страна. High Quality камерата е компатибилна со сите модели на овој мини компјутер, од верзијата Raspberry Pi 1 Model B наваму.
Основната цена на камерата е 50 долари, а во понудата се и оригиналните објективи. Оној 6-милиметарскиот чини 25, а 16-милиметарскиот 50 долари. Двата се со прилично широк агол, чиј ефект донекаде е намален со фактот дека сензорот е прилично мал. Примери од фотографии објавија на своите страници на кои најавуваат и почеток на продажбата на новиот модул.
Поврзани артикли