Една од најпопуларните апликации на светот Facebook, која во последно време е далеку под некогашната популарност, а благодарение на Instagram, Snapchat и др., го нема она што го сакаат поголем број од корисниците, и што го имаат повеќето апликации, а тоа е Dark Mode, односно темниот режим. Во последно време речиси да нема апликација која не доби Dark Mode, а Facebook е една од нив. Темната тема на WhatsApp, кој е во сопственост на Facebook, однеодамна им е достапен на сите, и на корисниците на Android и iOS.

Но, сигирно е дека наскоро можеме да ја очекуваме оваа многу популарна функција и на оваа апликација за iOS и Android уредите. Всушност, веќе имаме доказ дека Facebook работи на темниот режим за iOS. Од страницата WABetaInfo најпрвин воочија дека на iOS постои опција за активирање на Dark Mode на Facebook, а потоа 9to5mac дојде до неколку снимки од екранот, кои јасно покажуваат како изгледа темниот режим на Facebook апликацијата на iOS уредите.

Она што најпрвин го забележуваме е дека тука се работи повеќе за сива, отколку за црна боја, но сепак, изгледа навистина убаво и дотерано.

Оваа функција моментно е достапна за одреден број бета корисници, но сигурно е дека наскоро можеме да очекуваме Facebook официјално да ја воведе опцијата на активирање на темниот режим за сите iOS уреди кои ја користат оваа апликација.