Honor X10 се појави на TENAA листата со целосните спецификации. Меѓутоа, кинеската компанија досега го потврди само името на телефонот и не ги откри спецификациите и датумот на објава на уредор. Гласините сугерираат дека Honor X10 ќе биде претставен на 19. мај.
Honor X10 TENAA листата открива дека телефонот ќе има IPS LCD панел без засек, со големина од 6,63 инчи. Односот на страниците на екранот ќе бидат 20:9, а се очекува и Full HD+ резолуција. Сензорот за отпечатоци од прсти ќе биде сместен од страна на рамките.
Телефонот би требало да го покренува Kirin 820 5G чипсет, во комбинација со до 8GB RAM. Се очекува и до 256GB простор за складирање со microSD слот со дополнително проширување на интерната меморија.
Honor X10 ќе го напојува 4300mAh батерија, со поддршка за 22.5W брзо полнење. Pop-up селфи камерата има 16MP сензор, додека на заднагта страна ќе бидат сместени три камери: 40MP Sony IMX600y главна, 8MP ултраширока и 3MP сензор на длабочина.