Професор од Велика Британија има предупредување до целиот свет, а најмногу до младите луѓе.

Водечките експерти во Велика Британија предупредиле дека коронавирусот е еднакво опасен како и еболата и ги повикале сите луѓе да ги следат препораките на епидемиолозите и докторите, пренесуваат од „Express“.

Професорот Калим Семпл, кој што води едно сеопфатно истражување на пациенти заразени од коронавирусот, изјавил дека истражувањето досега покажало дека една третина од хоспитализираните пациенти починале од болеста Ковид-19.

Во разговор на виртуелна конференција, проф Семпл изјавил дека ваков случај бил и тој со пациентите кои што биле носени во болниците поради Ебола.

Луѓето мора да слушнат и да сфатат. Причината зошто ве советуваме да останете дома е тоа што ова е една многу опасна болест. Сепак, и понатаму ги гледаме луѓето како се собираат и мислат дека е сигурно да споделат едно шише сок меѓусебно. Тука најмногу мислам на младите луѓе кои што мислат дека вирусот не може да ги погоди нив“ – изјавил професорот.

„Тие не сфаќаат дека и тие можат да се инфицираат и да ја пренесат болеста, а на тој начин да влијаат и на останатиот дел од општеството“ – додал тој.

Проф. Семпл ја води големата студија, со име „The Coronavirus Clinical Characterisation Consortium“. Тој ги објаснил и резултатите правени на над 17.000 пациенти ширум Велика Британија. Нагласил дека степенот на смртност е поголем меѓу старата популација.

Исто така тие oткриле дека гојазноста многу влијае на смртноста и дека луѓето кои што имаат индекс на телесна маса над 30 се во значително поголем ризик од компликации на болеста Ковид-19.

Еболата е една од најмалку 30-те познати болести и една од четирите опасни по живот карантински хеморагични грозници, со голема стапка на смртност.