Докторот истакнува дека масовното тестирање е единствениот начин да се утврди колку се проширил вирусот.
Ескперт за генетика открил дека коронавирусот на почетокот во Велика Британија бил широко распространет и дека недостатокот на превентивните мерки го овозможил неговото ширење, пренесуваат од „Express“.
Д-р Кари Стефансон е еден од водечките експерти во својата област, а тој спровел истражување во Исланд за генетски да ја истражи секоја инфекција од коронавирусот. Целта е да се истражи на каков начин вирусот мутира и ја спроведува заразата.
Неговата компанија „deCODE Genetics“ е основана пред 25 години во Рејкјавик и чува голема база на податоци со повеќе од половина генетски компоненти од исландската популација.
Генетскиот материјал се пручува за да се истражат генетските компоненти на болеста Ковид-19.
Професорот истакнал дека секвенционирањето на вирусот покажува откаде потекнува инфекцијата.
„Значи, вирусот сега има баркод за секој дел од светот. Постои збирка мутација која што е релативно карактеристична за Австрија, друга за Италија како и за Велика Британија и крајбрежјето на Америка“.
Професорот вели дека на почетокот речиси сите случаи на Исланд потекнувале од Алпите, луѓето кои што биле на скијање во Австрија и Италија.
„Владата се обидува да го запре ширењето на вирусот, но додека се обидуваат да го направат тоа, вирусот се вовлече во Земјата кај луѓето од сите краеви на светот, а најризична е Велика Британија. Вирусот тука има поширока распространетост“ – вели професорот Стефансон и додава дека земјите како Велика Британија и Америка не биле доволно внимателни од самиот почеток на пандемијата.
Исланд тестирал поголем дел од процентот на нивното население, од било која друга држава во светот. Приближно 45 илјади луѓе биле тестирани во земјата со вкупно 460 илјади жители.
Докторот истакнува дека масовното тестирање е единствениот начин да се утврди колку вирусот се раширил помеѓу популацијата.
Тој исто така сугерирал дека Велика Британија и САД не се доволно ‘будни’ и не реагирале навреме.
Компанијата „deCODE“ исто така зема крв од доброволци за да утврди дали истите имаат антитела за борба против Ковид-19.
„Интересно е тоа што различни луѓе, различно реагираат на вирусот, некои имаат симптоми на настинка, а други завршуваат на одделението за интензивна нега“ – изјавил тој.