Xiaomi на 30. април ќе претстави нов паметен телефон, под името Mi Note 10 Lite, а во прашање е подостапна алтернатива на Mi Note 10 моделот. Уредот ќе има сличен преден панел, додека на задната страна ќе се најдат четири камери и две LED блица.

Нема премногу информации за телефонот во овој момент, а претходните гласини сугерираа 6,47-инчен OLED дисплеј со Full HD+ резолуција. Се очекува Snapdragon 730G чипсет и 5260mAh батерија со поддршка за 30W брзо полнење.

Секако ќе биде интересно да се види секторот на камери на Xiaomi Mi Note 10 Lite моделот, со оглед дека ова е главната одлика на Mi Note 10 телефонот. Сепак, 108MP сензорот е веројатно премногу скап за Lite уред, така што тука сигурно ќе видиме поинаков сензор.