Кина планира да ја реализира својата мисија на Марс во јули и да го лансира својот ровер. 

Пекинг планира мисијата Tianwen-1 да почне во јули, со лансирање ровер на Црвената планета. Тоа би значело дека ќе биде пред лансирањето на Perseverance, планираната мисија на НАСА.

Двете научни мисии на Марс подразбираат испраќање ровери на нејзината површина, но ова ќе биде прв обид за Пекинг. Лансирањето на кинескиот ровер ќе биде извршено со ракетата Long March 5 Y 4.

Мисијата на НАСА е планирана за периодот меѓу 17 јули и 5 август, а освен роверот Perseverance на Марс ќе биде испратен и мал дрон наречен Ingenuity. Дронот ќе бара места кои роверот ќе ги истражува.

Најтешко ќе биде да се спушти дронот на површината на Марс, инженерите осмислија комбинација од падобрански систем и воздушно перниче за завршната фаза.

Кина успешно достави два ровери на Месечината во 2013 година и во 2019, во склоп на мисијата Chang’e, а целта е во иднина да се реализира мисијата на испраќање екипаж во вселената.

Во периодот од крајот на мај до почетокот на септември Земјата ќе биде најблиску до Марс, тоа е причината за датумот за лансирање.

Третата мисија на Марс ја подготвуваат Обединетите Арапски Емирати.

Извор: Klix.ba