Lenovo ќе објави серија Linux лаптопи, како дел од експериментот кој потоа би можел да биде проширен и на повеќе модели доколку се тече според планот.
Linux лаптопите кои ќе ги произведува Lenovi ќе го користат Fedora 32 Workstation. Тимовите од компаниите Lenovo и Fedor веќе некое време заедно работат на тоа да осигураат се да функционира без проблеми.
Првите три лаптопи кои ќе имаат прединсталирана Fedora, ќе бидат ThinkPad P1 Gen2, ThinkPad P53 и ThinkPad X1 Gen8. Двете компании се надеваат дека достапноста на Linux оперативниот систем ќе се прошири на повеќе модели во следните години.
Лаптопот, кој ќе има прединсталиран Linux (било да е во прашање Fedora или некоја друга дистрибуција) технички би требало да има подобра хардверска поддршка од старт, без потреба од дополнителни преправања.
Fedora 32 е проектирана за објава на 28. април, така што нема да помине премногу време до објавата на нови Lenovo лаптопи со Linux платформа.
Поврзани артикли