Популарната апликација WhatsApp добива нови функции, кои на корисниците им овозможуваат подобрени опции во рамките на групните повици.

WhatsApp додаде неколку нови функции неодамна кои ќе им овозможат на корисниците подобро да управуваат со групните повици. Сега е можно да се „стиши“ или да се испрати порака до одредени луѓе во групните повици.

Платформата додаде и банер, кој ќе ги информира корисниците кога некој ќе се приклучи на групен повик, беше објавено на платформата Твитер.

WhatsApp неодамна додаде неколку нови функции. Покрај функциите за групни повици, додадени се и нови поставки за приватност, кои на корисниците им даваат поголема контрола врз фотографиите на профилот и статусот Last Seen.

Компанијата, покрај горенаведеното, им олесни на корисниците на Android да ја префрлат својата историја на разговори на новиот iPhone.