Facebook е многу зафатен во времето на карантинот, па сега објави уште една нова апликација. За да биде конкурентен во друштвото на популарни апликации за видео повици, како Zoom, Group FaceTime, Skype и Houseparty апликациите, компанијата ја претстави Messenger Rooms.
„Од денеска на телефоните и PC компјутерите можете да покренете видео чет соба, која вашите пријатели можат да ја откријат во одделот над News Feed или Facebook автоматски ќе им испраќа известувања на вашите најблиски пријатели. Така можете да ги повикате пријателите по желба или да поделите линк од вашата соба со било кого“, стои во соопштението на компанијата.
Today, we shared a new way to feel directly connected with someone over video — and announced new product updates across @messenger @facebookapp @instagram @whatsapp @facebookgaming and @portalfacebook (?) pic.twitter.com/EeVoJMysC6
— Facebook (@Facebook) April 24, 2020
Засега, можностите се прилично ограничени во однос на Zoom или дури и FaceTime. Меѓутоа, тоа со време ќе се промени. Rooms ќе пристигне на Instagram, WhatsApp и Portal во иднина. Засега е можно до осум луѓе да се вклучат во разговорот, но овој број ќе биде проширен на 50 во следните недели. Исто така, ќе може да им се пристапи и преку веб пребарувачот без профил, како и кај другите конкурентски производи.