FCC (Federal Communications Commission) во текот на април објави дека WiFi 6E е во подготовка, а сега оваа конекција е официјализирана и овозможува нелиценцирана употреба на 6GHz опсег.
Претходно FCC истакна дека планира да го овозможи 1200MHz спектрумот достапен за употреба, а ова се однесува на 6GHz опсег (5,925 – 7,125 GHz), а сега споменатиот стандард е одобрен.
Се очекува дека WiFi од следната генерација ќе има голема улога во понатамошниот напредок и раст на IoT (Internet of Things) сервисите. Новиот стандард ќе овозможи WiFi да функционира со пониска латенција и со подобар проток.
FCC, исто така, укажува на тоа дека Wi-Fi 6 ќе нуди брзини кои се два и пол пати поголеми од актуелниот стандард и ќе овозможи подобра рурална поврзаност.