Во следното ажурирање, Google ќе го унапреди видео функциите кај својот сервис Duo, но и ќе додаде нови опции. Бидејќи многумина се дома и поминуваат повеќе време користејќи ги услугите на видео повици, ова е навистина позитивна работа.

На Google Duo доаѓаат четири нови функции. За стабилноста и квалитетот на видеото, Google имплементира нов видео кодак (AOMedia Video 1), корисен дури и со мала брзина на интернет. Пристигнува и поддршката за фотографии, овозможувајќи им на корисниците да направат фотографија од разговорот во даден момент. И натаму можете да направите скриншот, но оваа опција би требало да ви овозможи тоа да биде со повисок квалитет и на посебна позадина.

За оние кои сакаат да се слушнат со голем број на луѓе во исто време, зголемен е капацитетот на групните повици, од 8 на 12. Последната можност е да им испраќате видео пораки на луѓето кои во тој момент не можат да се јават. Слична можност може да се најде и на Snapchat.

Можете да испратите порака дека некој ви недостасува или дека на некого мислите со помош на корисните AR ефекти. Најпосле, наскоро ќе ја имате опцијата автоматски да ги сочувате вашите Duo пораки, наместо само да „испарат“ по 24 часа.