Американската платформа Netflix забележа рекордно зголемување на бројот на претплатници во првото тримесечје годинава, според податоците на, можеби, најпопуларниот стриминг-сервис во светот.

Приходот на компанијата во првите три месеца од 2020 година, изнесува 5,77 милијарди долари. Тоа е за 1,25 милијарди повеќе во споредба со првиот квартал од 2019 година и 300 милиони повеќе во однос на четвртото тримесечје лани.

Според познавачите, растот посебно се должи на кризата со новиот коронавирус и тоа што луѓето мораат да се изолираат во своите домови.

Netflix пријави и раст на претплатата – на 15,77 милиони профили.