Како што се очекуваше, Facebook Gaming апликацијата сега е достапна за преземање од Play Store продавницата. Компанијата во текот на викендов ја најави новата апликација во текст на New York Times.

Иако апликацијата е можно да се користи за играње на опуштени игри со пријателите, фокусот на Facebook Gaming е на гледање и хостинг на игри. Можно е да се користи Go Live опцијата на софтверот со притискање на иконата на лебдечката камера во десниот долен агол на екранот, за брзо да почне стримингот.

Кога прв пат ќе се покрене апликацијата, на корисникот му се прикажува главниот Discover таб, кој ги обележува омилените игри, како и содржината која во моментот е во тренд на платформата. Со поголем дел од видеата, фотографиите и GIF-овите е можно да се извршуваат акции како на Facebook, со оставање реакции и коментари на нив.

Функцијата за чет е исто така вградена во апликацијата, што овозможува разговарање со други луѓе кои го гледаат истиот стрим. Моментно, апликацијата нема реклами. Наместо тоа, монетизацијата е лимитирана на stars системот, а оваа валута може да се купува и користи за наградување на омилениот стример.

Facebook ќе ја објави iOS верзијата на апликацијата кога ќе добие одобрение од Apple.