Дојавувачот @jon_prosser е релативно нов во екосистемот на Apple, но во последно време е многу активен и прецизен во предвидувањето на промените кои се очекуваат од Apple. Неговите најнови сознанија се однесуваат на скиците на претстојниот iPhone 12 модел.

Претходно се сугерираше дека Apple ќе ја намали големината на засекот, a @jon_prosser сега ни овозможи увид во скиците кои опишуваат дека новиот iPhone ќе го задржи Face ID. Засекот е значително помал во однос на претходниот моде, додека забележителни се и нешто помали рамки.

Во засекот е сместено се што е потребно за да работи Face ID, но ова сега зазема помалку простор. Apple изгледа успеал ова да го постигне, така што ја преместил слушалката за повици во горната рамка.

Засега имаме различни извештаи кога е во прашање објавата на iPhone 12 моделите, а тие се движат од очекуваната објава навреме во септември, до одложување дури за неколку месеци, поради пандемијата на Ковид-19.