Кивањето произведува ‘облак од респираторни капки’, кој има импресивна брзина на движење низ воздухот.

Истражувачите од Институтот за технологија од Масачусетс, снимиле успорена снимка на кивање и откриле дека инфицираните капки можат да се прошират на далечина од 8.2 метри низ воздухот.

Како што знаеме, коронавирусот се пренесува по пат на респираторни капки, а новото истражување открило колку далеку инфицираните капки можат да патуваат, од само едно кивање.

Истражувачите од Масачусетс преку оваа снимка на кивање на здрава личност докажале дека кампките исто така имаат импресивна брзина на движење, од дури 30 км/сек.

Погледнете го видеото: