Поради ситуацијата со коронавирусот, во поголемиот дел од светот се откажуваат вакцинациите против мали сипаници.
Пандемијата коронавирус би можела да доведе до повторна појава на морбилите, односно малите сипаници, велат експертите, затоа што некои програми за вакцинација мора да бидат одложени.
Според „Уницеф“, 117 милиони деца во 37 земји можеби нема да бидат вакцинирани навреме, пренесуваат од Би-би-си.
Веќе имаше неколку масовни ширења на болести во земјите ширум Европа во кои имунизацијата на MMR вакцината е ниска.
Болеста која предизвикува кашлање, осип и грозница, може да се спречи само со дневна доза вакцина против заушки, морбили и рубеоли (MMR), која во Велика Британија е целосно бесплатна.
Во таа земја, околу 95 отсто од 5-годишните деца ја примиле првата доза.
А, бидејќи малите сипаници се многу заразни, дури и мал пад на имунитетот во популацијата може да има големо влијание.
Во светот моментално 24 земји морале да ги одложат програмите за вакцинација, а „Уницеф“ предупредува дека ќе има уште такви случаи.