Huawei досега веќе објави два флексибилни телефона (Mate X и Mate Xs). Компанијата сака да чекор понапред на полето на флексибилни панели и сега патентираше два нови дизајни со лизгачки екрани.

Постојат два панетирани модела, а двата ја користат задната страна за да го прошири предниот дисплеј, со некои структурални разлики.

Моделот A има некој вид скроле на рамката, кој овозможува панелот да се прошири без зголемување на дебелината – панелот едноставно се одмотува од предната страна.

Моделот B прикажува опција целосната задна страна да се слајдува заедно со екранот.

Не е познато во која фаза на развој се споменатите патенти и дали Huawei има намера комерцијално да ги имплементира. Доколку тоа се случи, ова би го решило проблемот со создавање набори на екраните кои ги имаат актуелните флексибилни смартфони.