OnePlus ги претстави своите најнови паметни телефони од OnePlus 8 серијата. Компанијата го одржа ветувањето дека телефоните ќе имаат цена под 1000 долари, а ова го вклучува и премиум OnePlus 8 Pro моделот.
OnePlus 8 Pro го карактеризира новиот 6,78 инчен Fluid AMOLED дисплеј, кој е и најголем во линијата на овој бренд. Дисплејот има поддршка за стапка на освежување од 120Hz (со 240Hz touch sampling за намалување на лагот). Покрај наведеното, дисплејот е калибриран за да понуди рекордна прецизност на боите. Панелот е 10-битен и има HDR10+ поддршка, додека HDR Boost служи за подобрување на 8-битните содржини.
OnePlus 8 Pro има 4510mAh батерија. Прв пат на OnePlus телефоните има и поддршка за безжично полнење. Warp Charge 30 Wireless може да ја полни батеријата на уредот со брзина до 30W, а до 50 проценти ја полни за половина час. Поддржано е и обратното безжично полнење. Напојувањето преку кабел е подбрено, па така 30W Warp Charge 30T ја полни батеријата од 0 до 50 проценти за 23 минути.
Pop-up камерата од претходните Pro модели е исфрлена, а ја заменува поедноставната punch-hole предна камера. Телефонот на задната страна има две камери од 48MP, заедно со телефото и сензорот за асистенција. Главната камера користи 1/1.4″ Sony IMX689 сензор со 1.12µm изворни и 2.24µm бинувани пиксели. Главната камера може да снима 4K видео @60fps со помош на новата Single Shot 3-HDR функција. Камерата користи оптичка и електронска стабилизација на сликата.
Втората 48MP камера има ултраширок објектив од 120°, а се користи и како макро камера. Третата камера е 8MP телефото со сензор од 1.0µm пиксели, f/2.44 отвор на бленда и OIS поддршка. Четвртиот модул е целосно новата Color Filter камера, која помага при рендерирањето на различните ефекти на бои.