Lenovo официјално претстави нов паметен телефон од поевтиниот сегмент, кој во Кина дебитираше како Lenovo A7. Ова е еден од малобројните модели на пазарот кои имаат заменлива батерија.

Lenovo A7 има LCD екран од 6.09 инчи, со HD+ резолуција. Во врвот на панелот се наоѓа засек каде што е сместена 5MP селфи камера. На задната страна се сместени две камери (13MP главен и 2MP сензор за длабочина, со LED блиц), како и сензор за отпечатоци од прсти.

Телефонот го покренува осмојадрениот Unisoc SC9863 чипсет, кој е се попопуларен кај буџетските телефони. Батеријата има капацитет од 4000mAh. Компанијата не објави детали за количината на RAM меморијата и просторот за складирање.

Lenovo A7 ќе биде достапен во црна и сина варијанта, а информациите за цената и достапноста не се познати во овој момент.