Има многу кои моментно работат од дома, и додека на некои им одговараат условите, на други им недостасува работниот простор на кој се навиканти. Компанијата Kids Creative Agency понуди решение за овие другите, а во облик на веб-страница која ги симулира условите за работа во канцеларија, слично на MyNoise решението за кое претходно пишувавме.

Кога корисникот ќе влезе на страницата imisstheoffice.eu му се отвора приказ на виртуелна канцеларија со неколку работни места, а во просторот може да додаде и избрани колеги – најмногу десет од нив. Потоа може да кликне на копчето play, и преку звучниците или слушалките да добие звучна атмосфера од просторот во кој се наоѓаат повеќе вработени.

Страницата не е фиксно уредено, па корисникот може да ја избере просторијата од која доаѓаат звуците кои ги слуша, а интерактивни се и столчињата, масите, компјутерите и останатата канцелариска опрема. Благодарение на овие функции можно е делумно враќање во она „нормално“ време, па вработените можат виртуелно да се вратат во канцелариите, ако баш сакаат. Единствен недостаток е што на страницата нема виртуелен пат од домот до канцеларијата, кој на многумина им е најпријатниот ден од денот – барем оние кои до работа не патуваат со градски превоз.