Роботите кои можат да го менуваат обликот во зависност од опркужувањето се инспирани од киригами формите на хартија, а ги смислија експертите од Универзитетот во Северна Каролина.
Роботите ја менуваат формата самостојно, а врз основа на стимулансите кои ги добиваат од околината. Првите два надворешни слоја на телото на роботот не реагираат на топлината, додека внатрешноста е направена од полимер кој се однесува поинаку и се менува со промената на температурните услови во опкружувањето. Токму тоа е она што на роботот му овозможува да го менува обликот, слично како кај киригами јапонската уметност, во рамките на која хартијата се обликува така што креира нови форми и структури.
На тој начин, новите роботи преминуваат од 2D облик во 3D структури, а преку засекот на телото се контролира аголот, правецот и тоа колку роботот може да се свитка. Се уште не е познато во кои области би можеле да се применуваат, но се претпоставува дека би можеле да работат само во контролирано опкружување, бидејќи брзите промени на температурата веројатно би можеле да доведат до тоа да не може да се предвиди однесувањето на роботот.
Поврзани артикли