Производителите на фотопарати Leica и Olympus нудат бесплатни курсеви и разговори за фотографи во текот на пандемијата на коронавирус.

Многу компании ги понудија своите ресурси на оние кои моментно се во карантин, а Nikon минатата недела претстави цел семестар на онлајн часови на фотографија, кои се бесплатни до крајот на април.

Olympus го покрена својот курс под името „Home With Olympus Sessions” за да ги поврзе луѓето со своите технички експерти. Фотографите можат да се пријават за групни или индивидуални сесии и да поставуваат различни прашања за да добијат одговор на нив и така да научат повеќе за фотоапаратите на Olympus. Групните сесии се ограничени на шест луѓе и фокусирани на одредени модели фотоапарати и типови на фотографија. Бројот на пријави е ограничен.

Leica, исто така, подготвува серија бесплатни онлајн дискусии, кои ги водат реномирани фотографи, музичари, актери и други креативци. Разговорите ќе почнат на 12. април и ќе траат неколку недели.