Surface Duo на компанијата Microsoft е флексибилен телефон со два екрана, наместо со еден што се преклопува. Новиот патент укажува на дополнителни промени и на уреди кои во блиска иднина ќе имаат дури три дисплеи, што значи дека корисниците наскоро би можеле да го добијат и Surface Trio.
Surface Duo веќе се покажа како позидржлива верзија на флексибилните смартфони, а како најголем недостаток се истакнува тоа што помеѓу двата дисплеја постои растојание, кое најдобро се гледа кога уредот е расклопен. Новиот патент на Microsoft предлага решение кое би требало да го отстрани овој „процеп“, така што на неговото место би се нашол трет, многу тенок централен дисплеј. На тој начин, досегашниот отвор би се скрил со трет екран, кој би требало да се најде помеѓу двата главни. Кога телефонот е отворен, сите три екрани би формирале целина, а третиот дисплеј во случаите кога телефонот е склопен би можел да служи за прикажување на различните известувања.
Третиот екран засега останува само идеја, но наскоро би можел да се појави и во рамките на уредот со име Surface Trio, бидејќи неговата функција би решила некои проблеми, кои досега влијаеле на корисничкото искуство.
Поврзани артикли