LG објави тизери од „дизајнерскиот јазик“ на својот претстоен паметен телефон. Се очекува дека уредот би можел да биде следен модел во рамките на G серијата, откако компанијата пред неколку месеци ја ажурираше V линијата со V60 Thinq моделот со два екрана.
Претходните модели беа многу слични еден на друг меѓутоа тоа наскоро ќе се промени.
Камерите ќе имаат облик на (raindrop) капка од дожд, ќе имаат помали леќи, а LED светлото ќе биде поставено под главната камера.
LG ќе го користи новиот 3D Аrc Design со заоблени рабови на дисплејот, како и симетричната задна страна, за која компанијата тврди дека е поубава за гледање и покомфорна за држење.
Засега нема други детали, но се чини дека новиот дизајн ќе биде имплементиран на целата понуда на LG.