Startup Weekend е настан поддржан од Google и досега успешно се организирани повеќе од 2.900 настани низ 150 земји во светот. Младите кои учествуваат добиваат можност за вмрежување, стекнување нови знаења и секако, основање на Стартап компанија во Македонија.

Со оглед на актуелната ситуација со вирусот Ковид-19, глобалната заедница на Startup Weekend ги повика сите организатори да го реализираат првиот Online Startup Weekend Covid-19 edition во своите држави, каде што учесниците ќе работат виртуелно (од дома) со своите тимови на идеи кои ќе помогнат со справување со вирусот Covid-19. Учеството е бесплатно за сите и бројот на учесници е неограничен.

Тимот од Македонија одлучи да се приклучи на оваа глобална иницијатива и ќе го оддржиме првиот Online Startup Weekend Skopje од 24 до 26. април.

Повеќе информации за настанот можете да видите на нашата ВЕБ СТРАНИЦА или FB page.