Пет идеи за фотографии и видео предизвици со Huawei P40 lite и неговата четирикратна камера од 48 MP
Фотографијата игра важна улога во животот на секого. Преку нив можеме да го истражуваме светот околу нас и да доживееме моменти од различни перспективи. Исто така, ни помагаат да зачуваме вредни спомени, како и да ги споделиме искуствата со другите.
Денес, секој може да навлезе во светот на фотографијата преку сè пософистицираните и интелигентни одлики на камерите на паметните телефони, а тоа е во срцето на филозофијата на P сериите на Huawei. Од оваа недела, тројца нови претставници на оваа серијата може да се најдат на пазарот, имено P40 Pro, P40 lite и P40 lite E. Благодарение на секој од нив, можеме да најдеме скриена емоција во секоја минута од секој ден. Со уред кој е секогаш со нас, можеме да создадеме албум со фотографии за да се сеќаваме и да си кажеме што видовме, доживеавме и какви спомени би сакале да задржиме. Но, уште поважно, можеме да го изостриме погледот и да ја разбудиме нашата фантазија и да имаме комуникација со нашите пријатели, со одлично расположение, минимален напор и висок квалитет.
Еве неколку идеи засновани на најбалансираниот претставник – Huawei P40 lite. Сосема е прифатлив, со предложена цена, без договор од 17,999 денари, нуди висококвалитетна четирикратна камера со вештачка интелигенција, што значи широк избор на гледни точки, агли и растојанија на снимање за да си играте со вашите фото-објекти, како во затворен простор каде генерално е тешко да се фати добар кадар, така и во широк и далечен хоризонт, и секако со автопортрети и портрети на луѓето околу вас. Интелигентниот фотографски систем на Huawei P40 lite се состои од 48 MP главна камера, 8 MP ултра широкоаголна камера, 2 MP макро камера и 2 MP bokeh камера.
Повеќе детали – поголем избор
Со импресивна главна камера од 48 MP, можете да фотографирате со навистина висока резолуција. Висока резолуција значи снимање на доволно детали за да може подоцна да ја кропирате сликата, дури и само дел од кадарот со предметот што сакате да го зачувате и прикажете. И бидејќи не секогаш имаме среќа да го притиснеме копчето за блендата во вистинско време, новата технологија на Huawei дозволува неколку последователни кадри автоматски да се комбинираат во оптималниот финален производ.
Дури и микро-светот околу нас е несомнено разновиден и честопати се случува спонтано да сакаме да снимаме нешто што е далеку од совршено осветлување. Тоа се случува дома, на тераса или во градината, кога сакаме да ја фатиме слободата на огромното ноќно небо, на пример. Размислете и за тоа – со Super Night Mode, ноќните слики ќе бидат уште појасни и поубави отколку што очекувате.
Простор дури и во мал простор. И погледнете се во искривеното огледало
8-мегапикселната камера со широк агол е омилен арсенал на луѓе кои сакаат да патуваат и за фотографирање пејзажи и обемни архитектонски знаменитости. Како и да е, леќите со широк агол имаат и огромна предност да фаќаат повеќе објекти и, генерално, поголем простор за гледање при снимање одблизу. На пример, со обични леќи, тешко можете да покажете како сте ја преуредиле вашата дневна соба, но широкиот агол ќе го долови вашиот труд во целост. И, се разбира, лесно можете да го фатите целото семејство во еден кадар. Ако покажете волја и чувство за хумор на вашиот експериментален дух, исто така можете да добиете многу забавни, намерно искривени портрети. Можете дури да направите и албум со фотографии од “просторијата со криви огледала”. Вашиот успех на социјалните мрежи е загарантиран, особено со насмевките што ги предизвикувате.
Големите тајни на малите нешта
Широкиот објектив ви помага да добиете повеќе во кадарот, додека макро леќите ви дозволуваат да ги „видите“ навистина малите работи околу вас. Обидете се да влезете во микро светот на што и да правите или дури и на мини деталите. Ако имате егзотични зачини пред вас и фотографирате одблизу, можете дури и да направите предизвик „што има на оваа фотографија“.
Човекот во центарот на светот
Правењето на портрети може да биде процес на интензивна комуникација помеѓу луѓето кои ја преземаат улогата на модел и фотограф. Пробајте го тоа, вреди да се доживее, и со HUAWEI P40 lite – резултатите се исто така вредни. Но, дури и дома, со HUAWEI P40 lite имате одлична опција за одлично селфи со минимален напор – системот ги оптимизира и предметот и позадината на фотографијата. Може да направите серија автопортрети од различни часови во денот. Со Super Night Selfie 2.0, слабата светлина нема да го спречи тоа, дури и ќе ги направи вашите фотографии поинтересни.
Раскажи ми преку видео
Снимање и споделување на видео може да ја направи вашата комуникација многу поприродна. Видеото е јазик на модерното време, а при снимање, HUAWEI P40 lite може да ја препознае скелетната структура, зглобовите, држењето на објектот, како и околината, да обезбеди убавина на телото во реално време. Последователно, моќниот AI Video Editor помага да се создаде примамлива содржина со додавање музика во позадина и сечење кадри на паметен начин. Можете да изберете различни ефекти за видео во транзиција или да примените еден ист ефект со еден допир. Предизвикајте се да креирате интересна видео приказна. И, секако – споделете!