Samsung Galaxy Fold, кој е објавен минатата година, беше достапен во една опција на простор за складирање – 512 GB. Меѓутоа, неговиот наследник кој веројатно ќе го носи името Galaxy Fold 2, ќе има две опции за складирање, почнувајќи од 256GB.

Информацијата пристигнува од сајтот SamMobile, кој тврди дека Samsung Galaxy Fold 2 со број на модел SM-F916 има 256GB интерна меморија, додека моделот SM-F91x доаѓа со 512GB складирање.

Galaxy Fold 2 во верзијата со помал простор за складирање на Samsung би овозможил да ја намали почетната цена на уредот, што е одлично, ако знаеме колку се скапи актуелните флексибилни модели на јужнокорејската компанија.