MSI го претстави својот нов Creator 17 лаптоп, а според наводите на компанијата, ова е првиот лаптоп во светот кој користи mini LED дисплеј. Преносникот има 17-инчен екран со 4К резолуција, а кога тоа ќе се искомбинира со mini LED технологија, би требало да овозможи многу јасна слика и богат приказ на бои.

Според наводите, mini LED-овите ефективно ги поместуваат лимитите на LCD технологијата, а на лаптопите овозможуваат селективно да се исклучува позадинското осветлување за одредени делови на екранот, што на крајот придонесува за приказ на подлабоки црни и поконцентрирани бели нијанси.

Кога се во прашање спецификациите на лаптопот, MSI Creator 17 има Intel Core-i7 10875H чипсет, 16GB до 32GB RAM, до 2TB NVMe простор за складирање, NVIDIA RTX2060 или RTX2080 Super Max-Q графичка картичка.

MSI Creator 17 лаптопот ќе се најде во продажба по почетна цена од 1799 долари, во зависност од конфигурацијата за која ќе се одлучи купувачот.