Минатата недела се појави извештај за тоа дека LG подготвува објава на новата серија премиум телефони, која ќе ја замени актуелната G-серија. Сега новите гласини од Јужна Кореја тврдат дека замената за G-серијата ќе биде претставена на 15. мај.

Според новиот извештај, LG одржал брифинг за производи со три провајдери на телекомуникациски услуги во Кореја, каде е откриен споменатиот датум. Покрај ова, се знае дека новите телефони ќе поддржуваат 5G конекција и дека ќе ги покренува Snapdragon 7 серијата процесори.

И натаму не е во целост познато како ќе се нарекува новата LG серија, но последните гласини сугерираа дека ќе видиме враќање на Chocolate линијата. Новата серија смартфони на јужнокорејската компанија би требало да биде во ценовен ранг од околу 720 долари.