Huawei претходно го навести својот нов паметен телевизор, а најновите постери откриваат уште некои детали за уредот. Huawei Smart TV X65 ќе има 65-инчен OLED панел, што овој модел ќе го направи прв OLED телевизор на Huawei.

Над дисплејот ќе биде сместена 24MP pop-up камера. Тука ќе биде и амбиенталниот сензор, кој ќе се користи за подесување на сликата на екранот за да се добијат поприродни бои. Телевизорот ќе го користи оперативниот систем на Huawei – Hongmeng OS.

Извршниот директор на компанијата, Ричард Ју најави дека телевизорот ќе поддржува нов начин на контрола, а некои споменуваат дека тоа би можела да значи контрола преку гестикулација. Телевизискиот уред би можел да има и следење на положбата со помош на Huawei NPU. Телевизорот ќе има и 14 звучници, сместени под екранот.

Официјалното претставување на Huawei Smart TV X65 моделот се очекува во среда, кога ќе ги дознаеме и деталите за достапноста и цената на уредот.