Вселенската агенција NASA понуди бројни содржини кои би можеле да ги забават, но и едуцираат оние кои се наоѓаат во самоизолација. На заинтересираните им се понудени различни тури, па можат да тргнат од замоци и музеи, и да стигнат се до вселената.

Меѓу понудените содржини се најде и Go for Flight симулаторот, кој е покренат уште во 2018. година, и оттогаш овозможува прошетка низ Armstrong Flight Research Center. Благодарение на Google Expeditions, корисниците можат да го посетат хангарот во кој се паркирани леталата, контролната соба и просторот на кој леталата се подготвуваат за летови.

Тука е и Explore inside SOFIA, која на посетитетлите им овозможува да ја видат внатрешноста на леталото Boeing 747SP, кое NASA го модификува да може да ги понесе големите телескопи. Во текот на турата, виртуелните посетители можат да видат и како функционира телескопот, и низ него да фрлат поглед и на ѕвездите, галаксиите и другите далечни точки во вселената.

За оние кои сакаат да заминат од Земјата, тука е водената тура низ TRAPPIST-1 ѕвездениот систем, кој е дом за седум егзопланети кои орбитираат околу ѕвездата, која е нешто малку поголема од Јупитер. Заинтересираните можат да видат и како работи телескопот, кој послужи за откривање на оваа констелација, и да побараат одговор на прашањето дали сме сами во универзумот.

Тука е и турата низ Интернационалната вселенска станица, водена од астронаутката Суни Вилијамс, која ова место го нарекува свој „дом далеку од домот“. Оние кои ќе ја следат на оваа тура ќе можат да бидат како лебди во вселената, и како функционира оваа вселенса лабораторија.